Поддршка за Мугра!


Slovenian version

Студентското друштво Iскра им изразува подршка на колегите од Македонија, обединети во младинска организација Мугра, која што се бори против нерегуларностите спроведени од коруптивните и криминалните дејности на политичките елити.

Мугра е младинска организација формирана од искусни студентски активисти претежно од Скопје. Фокусирана е на проблемите на младите (посебно студентите) во Македонија. Пред неколку месеци денешните членови на Мугра констатираа дека им е потребна организација преку која студентите на сите високи школи и универзитети заедно со останатите млади ќе можат да дискутираат и да ги решават актуелните проблеми. Младите се борат за бесплатно и достапно високо образование за сите, за повисок стандард на студентите, за откажување на болоњскиот процес и приватните универзитети, за меѓународна соработка помеѓу колеги, студенти и младински организации и за социјални права и еднакооправност за сите.

Пред неколку недели македонско министерство за образование и наука проектира изградба на два нови барокни објекти на едено од ретките зелени подрачја на веќе активниот кампус на Факултетите социјални науки. Мугра реагираше со остри аргументи против. За изградбата на новите објекти потребно е сечење на 47 дрвја. Бидејќи Скопје е еден од најзагадените градови, секоја зелена површина во центарот на градот има посебно значење. Веднаш кога Мугра на одбраното градилиште започна со поставување на камп за да ја спречи изградбата односно уништување на зелената површина, во 2.30 наутро илјадници работници се појавија во кампусот и ги исекоа дрвјата и ја оградија површината.

Од тогаш понатаму членовите на Мугра заедно со студентскиот пленум преку еднодневна блокада на ректорат на универзитет му пратија силна опомена. Веднаш  биле поканети на преговори. Но бидејќи дрвјата беа веќе исечена преговорите немаа смисла. На Мугра не ѝ преостанува ништо друго освен да ја продолжи борбата кон овие и слични проекти кои што ја намалуваат просторната и одлучувачка автономијата на универзитет, ги кршат бројните закони и прописи, не ги исполнуваат стандардите и освен тоа имаат и многу негативни дејства.

Вакво непочитување, ескивирање и проектно неразмислување на владните постапки е неприфатливо, затоа и изразуваме подршка кон сите понатамошните борби на Мугра!

 

Deli članek
,